Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не планира да ја заврши кариерата, иако медиумите во изминатите месеци пишуваа дека последниот ангажман ќе му биде во шпанскиот гигант.
Анчелоти има договор со „кралевите“ до 2026 година, но не планира да се пензионира, туку сака да работи и во иднина.
„Се гледам уште долго во тренерската работа. Ќе продолжам да работам додека има ‘оган’ во мене“, кажа Анчелоти.
Италијанецот го има вториот мандат во Реал, кој го почна во 2021 година, а претходно го предводеше гигантот од Мадрид во период од 2013 до 2015 година.