Анчелоти ја откри тајната: Што им кажал на фудбалерите пред мечот?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид се пласираше во финале на Лигата на шампиони (ЛШ), откако синоќа по продолженија го совлада Манчестер сити со 3-1.

„Кралевите“ имаа негатива од 0-1 до 90. минута, по што со неверојатен пресврт благодарение на Родриго и Карим Бензема успеаа да изборат финале.

Анчелоти беше среќен поради тоа што неговиот тим направи ново чудо во елитното натпреварување.

„Елиминиравме тимови кои беа фаворити за освојување на титулата. Ни оди многу добро. Не е лесно да се објасни што се случи. Сите помислија дека Сити ќе оди понатаму, но едене мал детал сè промени. Пред натпреварот им пуштив снимки од нашите претходни успеси и им кажав да излезат на теренот и да направат уште еден“, кажа Италијанецот.