Анчелоти кажа каков статус има Модриќ во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид вчера триумфираа со 3-2 против Наполи во второто коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).

Шанса на натпреварот доби и хрватскиот фудбалер Лука Модриќ, а тренерот Карло Анчелоти по мечот зборуваше за неговиот статус.

Модриќ беше главна тема и на прес-конференцијата по натпреварот затоа што сите ги интересира каков е статусот на Хрватот, за кој се шпекулира дека ќе замине од Реал на крајот на сезоната.

„Модриќ? Го направи тоа што го очекувавме. Го стави своето искуство и познавање на игра на служба и одигра на врвно ниво. Тој секогаш ни помага и тоа го барам од него“, кажа Анчелоти.