Анчелоти: Можам да го тренирам Реал Мадрид уште 10 години!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Карло Анчелоти сезонава го предводеше Реал Мадрид до титулата во Ла Лига, а се надева и на освојување на Лигата на шампиони, иако нема да биде воопшто лесно.

Анчелоти стана прв тренер кој успеал во историјата да освои шампионски титули во топ-5 лигите во Европа.

Неговата серија почна со Милан, по што ја освои Англија со Челси, па потоа го водеше ПСЖ до титула во Лига 1 и ја освои Бундеслигата со Баерн Минхен.

„По ова поглавје во Реал Мадрид најверојатно ќе одам во пензија, иако не ја исклучувам можноста да тренирам репрезентација. Сепак, ако постои желба да останам во Мадрид, би го тренирал Реал уште 10 години“, вели Анчелоти.