Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот тренер Карло Анчелоти вчера не можеше да се воздржи по контроверзните одлуки на мечот меѓу Реал Мадрид и Жирона (1-1), по што даде коментар за судењето.
Жирона доби контроверзен пенал, откако Марко Асенсио наводно играл со рака, а потоа во завршницата му беше поништен гол на Родриго за победа на „кралевите“.
„Не сакам да зборувам за судиите, но првата ситуација е јасна како ден. Тоа не беше пенал затоа што топката го удри Асенсио во гради, не знам судиите од каде измислија пенал. Потоа поништениот гол на Родриго, тоа може да се досуди како прекршок, но сепак може да дискутираме за ситуацијата“, вели голманот.