Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Вардар утре во Скопје ќе го пречека финскиот Куопион ПС во првиот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите, а напаѓачот Азер Омерагиќ ги сподели очекувањата пред дуелот.
Омерагиќ истакна дека подготовките во Италија биле максимално искористени и дека тимот има силен мотив по подолг период повторно да настапува во квалификациите од најелитното европско натпреварување.
Тој нагласи дека Вардар ќе игра офанзивно и ќе се обиде да стигне до позитивен резултат на домашен терен.
„Го искористивме периодот во Италија на најдобар можен начин. Ова е голем мотив за сите нас, затоа што по долго време повторно играме квалификации во Лигата на шампионите. Ќе се обидеме да играме напаѓачки и да стигнеме до победа. Сега сме фокусирани на првиот натпревар дома и секогаш ќе го даваме максимумот“, изјави Омерагиќ.
















