Анчелоти најде оправдание за поразот во „Ел Класико“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона триумфираа со 1-0 против Реал Мадрид во пријателски меч во САД пред почетокот на новата сезона во Ла Лига.

Иако станува збор за пријателски меч, сепак дуелот го одбележаа тензии и караници меѓу играчите на двата тима.

Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти пронајде оправдание за поразот од вечниот ривал.

„Бевме подобри во второто полувреме. Додека во првото се браневме и ни недостигаше квалитет. Еден од најдобрите фудбалери во светот не беше на теренот и ни недостига. Се обидов да ги распоредам останатите фудбалери, но се почуствува отсуството на Карим Бензема“, кажа Анчелоти.

Новата сезона во Ла Лига ќе почне на 13 август.