Анчелоти: Не беше лесно да им кажам на Бензема и Тони…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кажа дека е задоволен со победата од 2-1 против Алмерија на стартот на Ла Лига.

Голот за победа го постигна Давид Алаба од слободен удар во 75. минута, и тоа од првиот контакт со топката.

„Тие кои изведуваат слободни удари се Бензема или Крос, но влезе Алаба кој исто така е добар. Не беше лесно да им се каже на Бензема и Тони дека нема да изведуваат слободни удари, но…“, вели Анчелоти.

Италијанецот призна дека лошо го почнале натпреварот, по што имаа и негатива од 0-1, но сепак во второто полувреме успеаа да ја свртат ситуацијата и да победат на стартот на Ла Лига.