Анчелоти: Не ми се верува, овој клуб покажа неверојатна психичка сила!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на шпанскиот и европскиот шампион, Карло Анчелоти влезе во историјата на Лигата на шампиони (ЛШ), откако ја освои четвртата титула.

Италијанецот стана најуспешен тренер во историјата на натпреварувањето, па притоа им го донесе 14. трофеј на „кралевите“ во елитното натпреварување.

Импресивно е тоа што Реал има дури осум победи во последните осум финалиња од сезоната 1992/93.

„Не можам да верувам, ова беше тежок натпревар. Имавме тешко прво полувреме, но сепак со оглед на тоа кого победивме до финалето – го заслуживме трофејот. Ова е еден фантастичен клуб со неверојатни фудбалери кои имаат психичка сила“, кажа Анчелоти.