Анчелоти не се откажува од титулата, но веќе мисли на нови засилувања


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид одигра 1-1 против Атлетико Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, а првиот гол за екипата го постигна 18-годишниот Алваро Родригез.

Овој 18-годишен Уругваец повторно му покажа на тренерот Карло Анчелоти дека може да смета на него.

Барселона има шанса со триумф против Алмерија да им избега на „кралевите“ на 10 бодови разлика.

„За мене ова не е крајот во битката за титулата, но мора да признаеме дека е покомплицирано од претходно. Сепак, мора да се бориме до крајот. Јас не се откажувам, а истото важи и за фудбалерите. Алваро беше важен во битката за бод, следната сезона ќе биде големо засилување за екипата“, кажа Анчелоти.