Анчелоти нема да тагува по Бензема: Реал Мадрид најде нова ѕвезда за 80 милиони евра

Реал Мадрид вчера остана без францускиот напаѓач Карим Бензема, но тренерот Карло Анчелоти нема долго да тагува по голгетерот затоа што веќе избрал негова замена.

Анчелоти е заинтересиран за Каи Хаверц од Челси, кој минатата сезона не се прослави во дресот на премиерлигашот, но и покрај тоа Реал Мадрид нуди 80 милиони евра за неговиот трансфер.

Челси е подготвен да го продаде Хаверц по лошата сезона и критиките од навивачите и експертите, па не би имал ништо против да заработи 80 милиони евра.

Анчелоти долго време е заинтересиран за услугите на Хаверц, а со неговата идеја се сложил и претседателот Флорентино Перез, кој нема да штеди пари за да го врати „кралскиот клуб“ на тронот во Ла Лига.