Анчелоти објасни зошто на Манчестер јунајтед му кажал – не!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти имал можност да го замени Сер Алекс Фергусон на кормилото на Манчестер јунајтед.

Анчелоти е пријател со Фергусон, па бил пресреќен поради понудата, но одбил да се пресели во Манчестер затоа што преговарал со Реал Мадрид.

„Се уште имам одлични односи со Сер Алекс. Бевме на некој состанок кога тој реши да стави крај на кариерата. Сакаше да бидам менаџер на Јунајтед, но јас тогаш преговарав со Реал. Голема чест за мене беше тоа што тој разговараше со мене. Подоцна веќе немаше разговори на таа тема. Манчестер јунајтед е фантастичен клуб, со фантастичен тим, сум имал многу битки против Сер Алекс Фергусон кога бев тренер на Челзи. Имам голема почит за Јунајтед како клуб, тоа е историски клуб како Милан, Реал Мадрид…“, кажа Анчелоти.

Манчестер јунајтед потоа го ангажираше Дејвид Мојс, а Анчелоти седна на клупата на Реал Мадрид каде освои Лига на шампиони.