Анчелоти оди на сè или ништо: Кога ќе им ги видам изразите на лицата, веднаш ми е полесно…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид утре во Париз ќе има шанси да го освои 14. трофеј во Лигата на шампиони (ЛШ), а нивни ривал ќе биде Ливерпул.

Пред натпреварот имаше прес-конференција на која зборуваше тренеот Карло Анчелоти, кој кажа дека е оптимист пред мечот со премиерлигашот.

„99 отсто од фудбалерите знаат кој игра утре. Сите се подготвени. Не ги интересира колку време ќе играат, туку важно е да настапат и да помогнат. За мене овие натпреварир се нормални, знаеме што претставува овој тим“, вели Анчелоти.

Анчелоти е мотивиран повторно да ја освои титулата во елитното натпреварување.

„Мотивацијата ми е иста како во 2014 година во Лисабон. Фудбалерите се мирни и полни се со самодоверба. Јас сум мирен, а веднаш ми е полесно кога ќе им ги погледнам изразите на лицата“, вели тој.