Анчелоти ограбен во Англија: Крадци влегле во куќата која била полна со луѓе!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карло Анчелоти доживеа непријатна ситуација во Англија откако неговиот дом во Англија бил ограбен, а деталите ги објави „Би-би-си“.

Две машки лица влегле во домот на тренерот на Евертон во 19.30 часот, во кој тогаш имало многу луѓе, но не е познато дали и Анчелоти бил присутен.

Надлежните институции го истражуваат случајот и побараа да ги контактираат лица кои имаат повеќе информации за инцидентот.

Не е познато засега колку пари биле украдени, а ова е прва непријатна ситуација со која се соочи Анчелоти, кој пристигна во Евертон во декември 2019 година, кога потпиша соработка на четири години.

Анчелоти во кариерата освои 20 трофеи, а притоа три пати го крена трофејот во Лигата на шампиони.