Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Реал Мадрид на почетокот на летото ангажира три засилувања, но Карло Анчелоти смета дека не е решен главниот проблем од минатата сезона.
Италијанскиот тренер му предложил на Флорентино Перез каков потег треба да направи клубот во текот на летниот преоден рок, но добил понижување.
Анчелоти разговарал со Перез и му предложил дека му треба уште еден бек поради честите повреди на Ферланд Менди и Дани Карвахал, но Перез смета дека имаат доволно играчи на тие позиции.
Перез најверојатно сака во следниот период да биде фокусиран само на Килијан Мбапе, чија иднина сè уште е непозната откако одби да потпише нов договор со ПСЖ до 2025 година.