Анчелоти призна: Бевме многу лоши против Лајпциг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид одигра 1-1 во реваншот против Лајпциг и се пласира во четвртфинале на Лигата на шампиони (ЛШ).

Лајпциг одигра одличен меч и беше блиску до радост во Мадрид, а тоа го призна и тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти.

„Бевме многу лоши на теренот. Игравме против квалитетен противник кој немаше што да изгуби. Најважно од сè е што изборивме четвртфинале. Мора да бидеме самокритични, но не смееме да претераме. Ќе ги анализираме ситуациите и ќе се подготвиме подобро за следниот натпревар“, кажа Анчелоти.