Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Францускиот напаѓач Карим Бензема го напушта Реал Мадрид на крајот на сезоната, а неговата одлука го изненади тренерот Карло Анчелоти, но и навивачите.
Анчелоти беше изненаден и тоа го откри по натпреварот против Атлетик Билбао.
„Бензема утрово ни кажа за неговата одлука да замине, тоа беше неочекувано. Неговото заминување е изненадување за нас, па сега треба да размислиме што ќе правиме. Ни требаат напаѓачи и мора да се засилиме“, кажа Анчелоти.
Французинот вчера го постигна својот последен гол во дресот на Реал, по што беше заменет и доби овации од публиката.
Анчелоти е заинтересиран за Каи Хаверц од Челси, а Реал Мадрид веќе подготвил богата понуда.