Анчелоти се премисли и го прекрши ветувањето од минатата година!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Карло Анчелоти минатата година кажа дека ќе замине во пензија, кога ќе треба да се раздели со Реал Мадрид, но сега го прекрши ветувањето.

Новинарите го прашаа Анчелоти за интересот од Бразил на прес-конференцијата пред дуелот меѓу Реал Мадрид и Ваљадолид.

„Не ме изненадува тоа што има шпекулации и не сум загрижен. Ќе продолжам да правам сè додека Реал ми дозволува. Ми годи тоа што Бразил ме сака, ме возбудува интересот. Но мора да се почитуваат договорите и јас сакам да го одработам мојот со Реал Мадрид“, кажа Анчелоти.

Анчелоти, исто така, кажа дека нема да оди во пензија кога ќе му заврши договорот со „кралевите“.