Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наполи викендов го очекува дуел со Сампдорија во Серија А, а во текот на наредната недела го пречекува Ливерпул на стартот на Лигата на шампиони.
Сепак, големо прашае е каде фудбалерите ќе се пресоблекуваат пред споменатите натпревари бидејќи на „Сан Паоло“ во моментов не постојат функционални соблекувални.
Наполи првите две кола ги играше на гости, за да има време на работниците да ги завршат деталите, но на два дена пред дуелот со Сампдорија, ништо не е завршено.
Поради тоа се огласи и Карло Анчелоти, кој се изнервира поради ситуацијата во соблекувалната на Наполи.
„Го прифатив барањето на клубот првите два меча да ги играме на гости, за да завршат работите, но тие не се способни да ги реновираат соблекувалните“, порача Анчелоти.
Queste le condizioni degli spogliatoi del Napoli dello stadio San Paolo, a 70 ore da #NapoliSampdoria, che hanno scatenato la reazione di @MrAncelotti contro Regione, Comune e Commissari. pic.twitter.com/YAROtscwIh
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) September 12, 2019