Анчелоти треба да реши две „главоболки“, а потоа ќе добие големо засилување!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид ќе ги почне подготовките со веќе дефиниран состав за следната сезона, а фудбалерите ќе одат на турнеја во Америка, каде што ќе играат против Барселона, мексикански Америка и Јувентус.

Тренерот Карло Анчелоти дотогаш треба да донесе неколку важни одлуки, а една од нив е за Марко Асенсио, кој го промени агентот и сака да си заамине од клубот, додека втората „главоболка“ за Италијанецот е Дани Себалјос кој има договор до следното лето.

Асенсио би можел да замине, но заинтересираните тимови не сакаат да потрошат повеќе од 20-30 милиони евра, иако „кралевите“ бараат 50 милиони евра за неговите услуги.

Доколку се случи тоа и Асенсио си замине, тогаш се отвора можноста Реал Мадрид да го ангажира Пауло Дибала, кој е подготвен да прифати плата од 5,5 милиони евра, а веќе го покажа неговиот квалитет во Јувентус.