Анчелоти: Валверде не е нормален, ќе даде 10 гола сезонава, работата ми е безбедна!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти даде изјава која стана хит во медиумите, а се однесува на неверојатната форма на Федерико Валверде.

Уругваецот полека, но сигурно станува одличен фудбалер и го контролира средниот ред, но притоа постигнува и многу голови.

„Валверде не е нормален. Верувам дека ќе постигне 10 голови оваа сезона, а можеби и повеќе, па затоа мислам дека мојата работа е безбедна“, кажа Анчелоти по победата од 3-0 против Елче во Ла Лига.

Валверде има постигнато пет голови оваа сезона на 10 натпревари во Ла Лига, а Реал се наоѓа на лидерската позиција пред Барселона.