Анчелоти за Чави и Лапорта: Сите знаат што се случуваше во претходните 23 години!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти распали по Чави Ернандез и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.

Лапорта се жалеше дека судиите му помагале на „кралскиот клуб“, а Анчелоти не му остана должен.

„Сите знаат што се случуваше во последните 23 години во шпанскиот фудбал. Ла Лига не е криминална, иако шпанскиот фудбал имаше проблеми. Сега обвинителството и полицијата врши истрага и чекаме епилог“, кажа Анчелоти.