Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лука Модриќ очигледно е „забранета тема“ во Мадрид, а тренерот Карло Анчелоти на интересен начин реши да го избегне прашањето за иднината на Хрватот.
Анчелоти не беше расположен да зборува за тоа дали Модриќ ќе потпише договор со „кралевите“ или ќе замине на крајот на сезоната.
„Иднината на Модриќ? Сите зборуваат нешто освен тој што треба. Сезоната сè уште се игра и Лука е член на екипата. Кога ќе заврши сезоната, тогаш ќе носиме одлуки. Имаме време, мислам дека никој не е заинтересиран за тоа прашање во моментов“, кажа Анчелоти.