Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наполи вчера повторно ги разочара своите навивачи, откако одигра 1-1 против СПАЛ во италијанската Серија А, па освои само еден бод.
Навивачите на клубот од Неапол ги критикуваа фудбалерите, па не го поштедија ниту македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Сепак, тренерот Карло Анчелоти реши да застане во одбрана на Елмас и кажа дека критиките нема ништо добро да направат.
„Требаше да одигра подобро во првото полувреме, но тој е млад фудбалер и има уште многу да учи, па треба да му се даде поддршка. Мислам дека играше на добра позиција на мечот“, открива Анчелоти.
Наполи остана на четврто место во Серија А и има шест бода зад првопласираниот Јувентус.