Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Фудбал Италија“ објави дека Реал Мадрид се вклучил во борбата за Диого Далот, кој би можел да го напушти Манчестер јунајтед за 15 милиони евра.
Португалскиот десен бек ја мина последната сезона на позајмица во Милан, кој сака да го купи, а притоа постигна два гола во 33 натпревари.
Далот се приклучи на националниот тим до 21 година, по што беше промовиран во првиот тим откако Жоао Кансело имаше позитивен тест на ковид-19.
Милан во моментов преговара за да го врати Далот назад на „Сан Сиро“, но Манчестер јунајтед не сака да го пушти на позајмица, туку сака да го продаде.
„Калчомеркато“ смета дека „кралевите“ се фаворити за потписот на португалскиот репрезентативец, иако преговорите меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед уште не почнале.
Тренерот на Реал, Карло Анчелоти го сакаше Далот и во Евертон пред една година, но и тогаш „црвените ѓаволи“ бараа 15 милиони евра.
#Ancelotti spaventa il #Milan, il #RealMadrid mette gli occhi su #Dalot https://t.co/zn5EUagSsH pic.twitter.com/5DfFu6B7vb
— calciomercato.com (@cmdotcom) July 1, 2021