Ањели: Ова е деликатен момент за тимот и нема единство!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Андреа Ањели се повлече од претседателското столче во Јувентус, а заедно со него си замина и стручниот штаб.

Ањели го напушта тимот по 12 години поминати на кормилото на екипата, каде што седна во далечната 2010 година.

Јувентус во тие 12 години освои 19 трофеи, но никогаш не успеа да се закити со титулата во Лигата на шампиони (ЛШ), иако двапати играше финале.

„Играњето за Јувентус, работењето за Јувентус носи само една цел, а тоа е победа. Тие што имаат привилегија да го носат дресот на тимот го знаат тоа. Тие кои работат во тимот знаат дека со напор се победува талент. Нашата историја и ДНК е да победуваме. Се соочуваме со деликатен момент како клуб и нема единство. Подобро е да заминеме сите заедно“, вели Ањели.