Ангеловски е кандидат за кормилото на Лудогорец


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот тренер Игор Ангеловски сѐ уште е без ангажман по разделбата со Македонија, па постојано се поврзува со клубовите од регионот, но и со други европски екипи.

Ангеловски беше кандидат за Хајдук Сплит, Џенова, а сега е во борба за тренерската позиција на Лудогорец, кој со години игра во европските натпреварувања.

Раководството на екипата не е задоволно од Станислав Генчев, кој би можел наскоро да добие отказ ако нешто не се промени, а токму на неговото место најверојатно ќе седне Ангеловски.

Засега ништо не е сигурно, но Ангеловски не е кандидат само за тренерската позиција во Лудогорец, туку има интерес и од Легија Варшава.