Ангеловски е на потег: Ќе „летне“ ли Несторовски од репрезентацијата? 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија синоќа го совлада Лихтенштајн со убедливи 5-0 и ја запиша првата победа во квалификациите за Светското првенство, но по натпреварот најмногу се зборуваше за потегот на напаѓачот Илија Несторовски.

Несторовски го постигна петтиот гол на натпреварот, по што прослави со пцовка кон камерата, а тоа ја налути македонската јавност затоа што смета дека пцовката била наменета за неа, иако напаѓачот објасни дека станувало збор за навреда кон три личности, кои му се заканувале во претходниот период.

Тоа не ја смири јавноста, туку уште повеќе ја налути, па се бара реакција од селекторот Игор Ангеловски, кој по мечот не сакаше да ја коментира ситуацијата затоа што не видел за тоа точно станува збор.

Сега се поставува прашањето дали Несторовски ќе остане во селекцијата или не, со оглед на тоа дека јавноста бара да се исфрли напаѓачот надвор од екипата.