Ангеловски: Му понудив место во репрезентацијата на Кулушевски, но…


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Македонскиот селектор Игор Ангеловски во емисијата „Заспиј ако можеш“ одговори на неколку прашања, а дел од нив беа поврзани за Дејан Кулушевски и Адис Јаховиќ.

Ангеловски вели дека Кулушевски имал понуда да игра за Македонија, но тој решил да го облече дресот на Шведска.

„Кулушевски на 16 години и шест месеци настапи во репрезентацијата до 17 години. Имав состанок со него и му понудив да игра за Македонија. Тој најверојатно мислеше дека тоа е несериозен предлог, но јас бев упорен и кажав дека ќе испрати покана и до Аталанта. Неговиот татко се откажа од идејата да игра Кулушевски за Македонија, туку сакаше да игра за селекцијата до 19 години на Шведска, која се пласираше на Европското првенство. Имавме и по натпреварувањето нов состанок, но добив одговор дека сака да игра за Шведска“, вели Ангеловски.