Aнгличанец се обложил на Велс и сега слави огромна добивка

Еден англиски обложувал долго ќе го памети настапот на селекцијата на Велс на Европското првенство во Франција.

Велшаните за неколку дена ќе играат во полуфиналето против Португалија, а помеѓу најдобрите четири селекции стигнаа со победата над Белгија од 3:1.

Обложувачот бил доволно храбар да вложи пари на Велс. Иако тие беа аутсајдери против репрезентацијата на Белгија. Тој вложил 40 фунти на коефициент 600/1.

Покрај победа на Велс, тој на тикетот имал и Раџа Наинголан да постигне погодоци. Белгија поведе со неговиот погодок, но потоа Велс успеа да направи пресврт, па обложувачот на крајот инкасираше 24.000 фунти.