Англичани „дрво-пијани“ направија сообраќајка: За еден од нив сезоната е завршена! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на второлигашот Дерби каунти доживеаа сообраќајка по вечерата на клубот на која се опијаниле.

Поради повредите, сезоната е завршена за капитенот Ричард Киа, откако му настрадало коленото, а повреден му е и зглобот и сезонава нема да може повеќе да заигра.

Капитенот имал сообраќајка заедно со соиграчите Том Лоренс и Мејсон Бенет по организираната вечера, а по несреќата Лоренс и Бенет се уапсени.

Иако голем дел од екипата по вечерата продолжиле кон своите домови, сепак неколку од нив решиле да се опуштат, па се опијаниле и за среќа не доживеале посериозни последици.