Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер сити доживеаја неочекуван пораз во саботата на гостувањето кај Борнмут (1-2) во натпревар од десетото коло на англиската Премиерлигата, а на социјалните мрежи хит стана фотографија од Јошко Гвардиол по таа утакмица.
Сити како голем фаворит пристигна на стадионот „Виталити“, но тимот на Пеп Гвардиола одигра една од најлошите средби кои сме ги гледале во последно време.
Борнмут одигра фантастична утакмица и со головите на Семењо и Еванилсон успеа да дојде до победа. Единствениот стрелец за гостите беше Гвардиол кој оваа сезона е исклучително расположен за постигнување голови.
Хрватскиот дефанзивец успеа во 82. минута да постигне гол за 2:1 по што Сити тргна со сите сили по израмнување, но Борнмут успеа да се одбрани и да постигне голема победа.
Токму Гвардиола се најде во центарот на вниманието бидејќи на социјалните мрежи почна да кружи интересна фотографија од хрватскиот дефанзивец.
.