Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вејн Руни одлучи да се врати во Англија.
Легендарниот фудбалер вчера потпиша договор со Дерби Каунти и од јануари ќе го облече овој дрес кој се натпреварува во Чампионшип.
Руни изненадно го напушти ДЦ Јунајтед, а англиските медиуми тврдат дека причината што ги напушта САД е неговата сопруга Колин.
Таа не можела да се навикне на живот во САД, а Вејн на крајот одлучи да се врати, за да го спаси бракот.
„Го молеше во изминатите години да се врати во Англија. Бараше од него за првпат да го стави семејството во прв план пред кариерата. Ќе изгуби милиони, платата ќе му биде многу помала, но тој одлучи да ја стави фамилијата пред се“. соопшти за The Sun извор близок до фамилијата Руни.
Колин веднаш ќе се пресели во Англија за синовите Каи и Клеи веднаш да тргнат во училиште, додека Вејн ќе се придружи на фамилијата во декември по завршувањето на соработката со ДЦ Јунајтед.
Вејн и Колин имаат четири деца. Покрај Каија (9), Клеј (6), тука се Кит (3) и Кес (1).