Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новата сезона во Премиер лигата се заканува да стане највозбудлива во историјата на ова натпреварување, а како и не кога пола клубови соборија рекорди по висината на парите издвоени за ангажирање на еден играч.
Летниот преоден рок влегува во самата завршница што е добар повод за на кратко да се направи осврт на тоа што досега се случувало во Премиер лига, а еден податок делува целосно неверојатно.
На првиот работен ден од новата недела Саутемптон го ангажираше Мароканецот Софиан Буфал за сума од 16 милиони фунти.
„Светците“ така поставија нов рекорд по висината на оштетата платена за засилување, а пред нив тоа го направија уште десет клубови од Премиер лигата!
- Манчестер Јунајтед – Пол Погба (£93.5м)
- Ливерпул – Садио Мане (£36м)
- Кристал Палас – Кристијан Бентеке (£32м)
- Вест Хем – Андре Ају (£20.5м)
- Саутемптон – Софиан Буфал ) £16м)
- Свонси – Борха Бастон (£15.5)
- Борнмаут (Џордон Ајб (£15м)
- Лестер Сити (Ахмед Муса (£15м)
- Вотфорд (Роберто Переира (£13м)
- 10. Барнли – Стивен Дефур (£8м)
Во заградата се наоѓаат сумите кои претставуваат милиони фунти, а ако ги соберете овие рекордни трансфери на клубовите ќе видиме дека се работи за вкупна сума од 264 500 000 фунти!