Англичаните немаат дозвола да заминат во Рим, ќе им бидат вратени парите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на англиската фудбалска репрезентација нема да можат да присуствуваат на натпреварот против Украина, кој треба да се одигра во Рим во рамки на Европското првенство (ЕП0.

Причина е стравот на Владата на Италија дека нема да се почитува петдневниот карантин за државјаните на Велика Британија, кој е воведен поради ширење на Делта сојот на коронавирусот, па така сите кои купиле влезници добија рок до четврток да си ги земат парите или да ги продадат картите на пријатели кои живеат во Италија.

Доколку не го направат тоа, нивните билети нема повеќе да важат. На „Олимпико“ ќе бидат присутни само 18.000 навивачи, а националните федерации на Англија и Украина имаа по 2.000 билети, но поради карантинот ова правило повеќе не важи за Англичаните.