Англичаните немаат време за чекање – веднаш најдоа замена за Саутгејт


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Англиската фудбалска репрезентација загуби уште едно финале на Европските првенства, и тоа од Шпанија со 1-2, па поради тоа почнаа шпекулациите за замена на селекторот Герет Саутгејт.

Разочарувачките резултати на Саутгејт ја натераа Фудбалската асоцијација на Англија да размисли за негова замена, која ја бараат и навивачите.

Според шпекулациите, „Гордиот Албион“ наскоро ќе добие нов селектор, а тоа е Еди Хау кој во моментов го тренира Њукасл.

Хау засега нема официјално добиено понуда од федерацијата, меѓутоа истата се очекува во следниот период, откако ќе биде отпуштен Саутгејт.

Саутгејт имаше голема поддршка пред турнирот, но очајните резултати ги натера критичарите да побараат негова смена.