Англичаните открија како Саутгејт ги бирал пеналџиите против Италија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англија не го освои Европското првенство затоа што загуби на пенали од Италија, па за титулата ќе мора да чека барем уште некоја година.

Англичаните доживеаа пораз на пенали каде што промашија три пенали, а трагичари беа Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо и Букајо Сака.

Поради тоа фудбалерите добија големи критики, а некои ги навредуваа и на расна основа што е навистина неприфатливо.

Критики доби и селекторот Герет Саутгејт, кој во последна минута на второто продолжение во игра ги внесе Рашфорд и Санчо за да шутираат пенали.

„Дејли Мејл“ објави дека Саутгејт ги избрал тие фудбалери да шутираат пенали затоа што биле подобри од останатите во репрезентацијата.

Англискиот медиум објави дека фудбалерите вежбале пенали, а притоа Сака бил подобар од сите останати.

Сака бил подобар и од Стерлинг и од Грилиш за кои навивачите сметаа дека биле посоодветен избор при изведување пенали.