Англичаните стравуваат од групата на смртта на ЕП: „Ако ова се случи тоа ќе биде ноќна мора“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентациите кои се изборија за пласман на Европското првенство со нетрпение го очекуваат 30. ноември кога ќе биде одржана ждрепката за групната фаза од ова натпреварување.

Иако останува да се одиграат натпреварите од последното квалификационо коло и баражот, УЕФА одлучи ждрепката од групната фаза на Европското Првенство да се одржи на крајот на овој месец.

Системот за извлекување е прилично комплициран бидејќи натпреварувањето ќе се игра во 12 различни држави. Секако, постои и фактот дека поради политички недоразбирања некои држави нема да можат да играат заедно.

Но, овој пат фокусот оди на англиските медиуми кои на големо стравуваат поради извлекувањето на групите. Англичаните ќе бидат во првата силна група, но по волја на ждрепката можно е да се најдат и во групата на смртта. Сепак, имаат шанси да поминат и со многу лесна група.

Англиските медиуми направија опции од можните групи на смртта и некои полесни групи и со право имаат причина да бидат загрижени. Во групата на смртта Англија може да се најде со Франција, Португалија и Србија (ако го поминат баражот).

Веќе е познато дека победниците од баражот ќе бидат во четвртата силна група. Англичаните сметаат дека од сите селекции кои ќе бидат во баражот дека Србија според нив е најјак противник.

„Англија се избори за пласман на Европското Првенство многу лесно, но таму можеме да ја добиеме групата на смртта. Ако се случи да играме против Франција, Португалија и Србија која игра бараж тоа ќе биде ноќна мора за нас“, пишува медиумот The Sun.

Меѓутоа, тоа е само една од можностите кои можат да се случат при извлекување на ждрепката, а нас ни останува да го дочекаме 30. ноември кога ќе дознаеме конкретно.