Англија по мечот со Италија падна на дното со Сан Марино!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиската репрезентација синоќа беше поразена од Италија со 0-1 на „Сан Сиро“ и со тоа беше елиминирана од елитата.

Иако беа во група со Германија, Италија и Унгарија, Англичаните ниту во сон не можеа да очекуваат вакво сценарио и да испаднат во втората дивизија на натпреварувањето.

Селекторот Герет Саутгејт не сакаше да ги критикува своите избраници ниту по елиминацијата на неговиот состав.

„Тешко е да се биде критичен во вакви моменти. Доминиравме на теренот и игравме подобро, но не успеавме да излеземе како победници. Не можам да објаснам зошто не може да победиме. Создаваме шанси, но не ни оди“, кажа Саутгејт.