Англија со шест гола го размонтира Иран (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Европскиот вицепрвак Англија славеше на почетокот на Мундијалот во Катар со 6-2 против Иран и така освои три бода.

Англичаните уште во првото полувреме го решија натпреварот со три гола, кои ги постигнаа Белингам, Сака и Стерлинг.

Голеадата продолжи во вториот дел, кога најпрво Сака зголеми на 4-0, а потоа Тареми намали на 1-4, но тоа ги налути фудбалерите на „Гордиот Албион“ кој преку Рашфорд и Грилиш стигна до 6-1, а Тареми од пенал намали на 2-6.

Во групата Б се наоѓаат уште САД и Велс, освен Англија и Иран.