Англиската ФА донесе одлука која сите ја поздравија: Укинат црвениот картон на Сон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хеунг Мин Сон беше во центарот на вниманието затоа што беше играчот кој стартуваше врз Андре Гомеш кој во неделата претрпе тешка скршеница на ногата.

Сон кој беше во солзи кога ја виде глетката доби директен црвен картон по прегледувањето на ВАР снимките.

Сепак, од англиската ФА одлучија да ја прифатат жалбата на Тотенхем, па црвениот картон беше поништен со што Сон ќе може да игра на следниот натпревар против Шефилд Јунајтед.

Уште на натпреварот беше јасно дека Хеун Минг Сон кој важи за еден од најфер-плеј фудбалерите во светот немал намера да стартува на таков начин над Гомеш. Тоа го кажаа и коментаторите кои во живо го следеа натпреварот, па затоа сите останаа зачудени кога Еткинсон му додели директен црвен картон.