Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона не може уште да ги комплетира преговорите со Матијас де Лихт, а тоа им дава надеж на другите клубови дека може да го ангажираат.
Де Лихт имаше сезона од соништата со Ајакс и јасно е дека летово ќе го напушти Амстердам. Иако се водат жестоки преговори со Барселона, сепак уште нема договор.
Многумина за тоа го обвинуваат неговот агент Мино Рајола, кој не е во добри односи со Каталонците, па сега е тешко да се каже дали фудбалерот во моментов е најблиску до потпис со Барселона.
Меѓутоа, сега се појави шпекулација дека Манчестер јунајтед ќе си ја проба среќата со Де Лихт и му понудил дури 14 милиони евра годишно, па така ќе го направи најплатен фудбалер на „Олд Трафорд“.
Освен Барселона и Манчестер јунајтед, наводно за Де Лихт се распрашува и Манчестер сити, како и неколку други европски гиганти.