Англиските тимови ќе си платат казна затоа што сакаа Суперлига!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англиските тимови Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челси, Тотенхем, Ливерпул и Арсенал имаа потпишан договор за создавање на европска Суперлига со уште шест гиганти, но нивната идеја пропадна пред да се реализира.

Фудбалската асоцијација на Англија соопшти колку пари треба да платат англиските гиганти поради потписот на договор за создавање на Суперлига.

На крајот англиските тимови први се откажаа, но нивниот обид за создавање на Суперлига не остана без казна, па ќе мора да платат 22 милиони фунти.

Исто така, тимовите потпишаа договор дека во иднина нема да потпишат сличен договор бидејќи ќе бидат казнети со 25 милиони фунти, а притоа ќе им бидат одземани и 30 бодови на почетокот на сезоната.

Остатокот од лигата бараше поголема казна за овие екипи, но Фудбалската асоцијација одби такво нешто за да не ги налути гигантите.