Анонимен Австралиец го изненади Циципас и му направи услуга на Ѓоковиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На стартот на Индијан Велс се случи големо изненадување, откако Стефанос Циципас беше поразен од австралискиот тенисер Џордан Томпсон со 1-2 во сетови, односно 6-7, 6-4 и 6-7.

Циципас имаше план да ја нападне титулата во Индијан Велс и така да го симне Ѓоковиќ од тронот, но тоа ќе почека затоа што Гркот испадна во раната фаза од турнирот.

Ѓоковиќ, сепак, е загрозен на врвот на АТП-листата затоа што Шпанецот Карлос Алкараз има шанси да го преземе првото место ако го освои Индијан Велс.