Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓
Како и сите други, така и големиот Тиери Анри има свој фаворит за освојување на Златната топка пред церемонијата што ќе се одржи следната недела.
Името на добитникот на оваа награда ќе биде познато идниот понеделник, а неколку навистина големи имиња беа во борба.
Осман Дембеле, Ламинe Јамал, Килијан Мбапе и Мохамед Салах се само некои од имињата кои се поврзуваат со освојувањето на оваа награда.
Дембеле го водеше Пари Сен Жермен до големи трофеи минатата сезона, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите, додека Јамал блескаше во дресот на Барселона, но и на Шпанија со која го освои Европското првенство.
Мбапе и Салах беа главни играчи во Ливерпул и Реал Мадрид минатата сезона.
По вчерашните натпревари во Лигата на шампионите во кои победа забележаа Барселона и Манчестер Сити, Карагер и Анри имаа дискусија за Златната топка на CBS Sports.
Кејт Скот започна да зборува за оваа тема, а потоа Карагер и Анри ги кажаа своите мислења.
Карагер наведе шест имиња и смета дека некој од нив ќе ја освои Златната топка, а тоа се Дембеле, Мбапе, Салах, Јамал, Рафинја и Ашраф Хакими.
Кога станува збор за Анри, тој спомена само едно име и потцрта дека тој мора да ја добие наградата.
“Дембеле, не морам ниту да објаснувам зошто”, беше јасен Анри.