Анри со порака до Мбапе: И јас не сакав да играм крило во Барселона… (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе повторно не е задоволен во ПСЖ, па се појавија шпекулации дека сака да си замине, а веќе се поврзува со неколку европски гиганти.

Мбапе летово беше најблиску до Реал Мадрид, но сепак реши да потпише нов договор со францускиот шампион, но очигледно сега жали поради неговата одлука бидејќи не игра како централен напаѓач, туку како крило.

На оваа тема коментар даде и легендарниот напаѓач Тјери Анри, кој го критикуваше неговиот помлад сонародник.

„Ниту јас не сакав да играм крило во Барселона, но тоа го правев за екипата. Постои правило. Ако тренерот бара нешто од вас, тогаш треба да го направите тоа за да му помогнете на тимот“, вели Анри.