Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наскоро ќе стане член на првиот тим?
Младиот играч на Барселона, Ансу Фати, стана вистинска сензација во светот на фудбалот откако на своите 16 години запиша деби во првиот тим.
Ернесто Валверде на почетокот на сезоната имаше огромни проблеми со повредите на напаѓачите и заради тоа во екипата го вметна Фати кој е член на јуниорскиот тим на Барселона. Овој 16 годишен тинејџер таа шанса ја искористи фантастично и во одиграни три натпревари постигна два гола.
Од овој играч се очекува многу во иднина, но во Барселона не сакаат да му прават притисок и му препорачаа да одат чекор по чекор. Покрај сите играчи од првиот тим, јасно е дека Фати има најмала плата бидејќи неговиот договор не може да се споредува со останатите.
Имено, тој ова лето потпишал договор на пет години со Барселона, но тогаш не беше во плановите на првиот тим. Почетната годишна плата во првата сезона е 300.000 евра, во втората 350.000 евра, третата 400.000, четвртата 500.000 евра а во петата година тој ќе достигне плата од 600.000 евра на годишно ниво.
Меѓутоа, се појавија шпекулации дека Фати многу брзо би можел да биде вметнат во првиот тим на Барселона. Во тој случај тој повеќе нема да игра за јуниорите на Барса или за Барса Б, а со самото тоа платата би му била значително поголема од моменталната.
Ансу Фати во тој случај во првата сезона би заработил еден милион евра, во втората 1.25 милиони, а во третата 1.5 милиони евра. Неговата откупна клаузула моментално изнесува 100 милиони евра и сигурно со потпишување на новиот договор драстично би се зголемила