Анте Ребиќ е пред потпис со Милан!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Анте Ребиќ е пред потпис за Милан.

Ребиќ играше одлично во Милано и челниците на овој клуб имаат јасна желба да го откупат неговиот договор од Ајнтрахт Франкфурт.

Се чини дека сега сè е готово, а неодамна се споменуваше обештетување од 40 милиони евра, но сега нема повеќе информации за тоа.

Весникот пренесува дека Ребиќ сигурно ќе остане во Милано и дека останува само официјализирање на соработката.

Донесувајќи го Ребиќ, Милан го испрати Силва на позајмица во Франкфурт, но тој ќе остане во овој клуб.

Истото ќе се случи и со хрватскиот напаѓач, само во спротивна насока.