Антиќ в четврток ќе објави како ќе продолжи кошаркарската лига во Македонија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ објави соопштение откако Здружението на кошаркари на првата лига имаше реакција во текот на вчерашниот ден.

Антиќ преку кратко соопштение на веб страната на КФСМ информираше дека одлуката ќе биде објавена во четврток:

„Во врска со наводите изнесени во медиумите, не и до федерацијата, како што беше досегашната пракса, од страна на претседателот на Здружението на Првата лига-мажи, сакаме да ги информираме сите клубови и јавноста дека решенијата поврзани со почетокот на натпреварувањето ќе ги добијат во ЧЕТВРТОК, 22. октомври 2020 година.

Претседател на КФСМ

Перо Антиќ“