Антонио Конте поради бизарна причина не може на тренингот на Интер

Фудбалерите на Интер се вратија на тренинзите откако по тестирањето за коронавирусот сите играчи беа негативни.

Сепак, како што тврдат италијанските медиуми, на тренинзите не присуствува Антонио Конте, а причината е тоа што се уште не пристигнале резултатите од неговиот тест за коронавирусот.

Тој затоа не смее да биде присутен на тренинзите, а неговата улога барем засега ја презедоа неговите помошници.